Thursday, December 12, 2013

Happy New Year Albatros

Помогнавме бутикот "Албатрос" во Скопје да добие една нова новогодишна димензија.

Погледнете:







Се надеваме дека ви се допадна, и токму една прекрасна   модерна кошула ке биде вашиот избор за новогодишен поклон за најблиските.

Made by: Ana,Natalija

Thursday, October 17, 2013

Огледало на мојата душа

Weeknd, пошто потсеќа на мирис на горко утринско кафе, Weeknd пошто потсеќа на една насмевка од моето минато, тој цела ноќ, Weeknd со последната коцка чоколадо, Weeknd со тоа што ќе го облечам денес, тој со тоа што спиев вчера. Weeknd со полна чаша црвено вино, тој со последниот здив од ноќта, со првиот од утрото.
Заборавена песна од Frank Ocean, повторно Weeknd.

Сакав да ви претставам дел од мојата работа во последниве месеци, она  што го најавив пред некое време.

The birds prt2

Kiss land





Montreal




Rollingstone



High for this











Monday, September 30, 2013

Нашата ревија од наш аспект!

  Одамна ме нема, а? - Мислам дека сега знаете и зошто.
Се почна вака, јас бев на одмор со моите и асистентката Сања Спасова пиша дека добила покана да се претставиме со креациите на постарите студенти  во Пробиштип на Белата Ноќ, а среќа па јас и Наталија Крстова имавме фустани кои сами ги креиравме за еден друг проект што ни пропадна, па таа ни понуди со тие фустани на учевствуваме на оваа ревија. Помина таа ревија и од нашите фустани кои беа инспирирани од 1950-тите години се роди идеја да се појавиме на FDSh со фустани кои ке бидат точно од тоа време и решивме да се вратиме наназад во модата од минатото  и да ви прикажеме нешто поразлично а и носливо во денешнината, бидејќи така и не учеа на факултет " За да бидеш моден дизајнер мораш да се враќаш со години наназад бидејки и модата се враќа."
На почетокот немаше којзнае каква еуфорија се поделија учесниците во овој проект и асистентката Сања Спасова која ни беше и ментор ни остави простор да размислуваме какви креации би направиле кои секако се инспирирани од тоа време. Бидејќи јас и Наталија веке имавме готови фустани први се појавивме на консултации и така се роди идејата за невестинскиот фустан и дојде до корекции на фустанот на Наталија.
Времето се намалуваше ние само работевме и работевме, колегите доаѓаа со идеи за фустаните, материјали, шаренила, а асистентката беше таа што секогаш беше тука и ни помагаше во реализацијата на самиот проект.
Наеднаш ни рекоа да се консултираме со асистентките Маја Кикириткова и Сашка Голомеова бидејќи тие сакаат од нашата работа да направат изложба и паралелно со ревијата да се гледа како дошло до самата идеа да се направи целото тоа. Цртавме ноќе, шиевме дење... 
Само на тоа мислевме. Истражувавме и сами почнаа да се раѓаат идеи девојките да носат турбани на главите да имаат витлер и да носат лелнонки кои го надополнуваа целиот изглед и го правеа перфектен. 
Се ежевме, бидејќи при изработката секој нареден фустан беше поубав од предходниот, вметнувавме вештачки цветови, тул и бисери. Со нашата рачна работа фустаните го добиваа оној скап и суфистициран изглед што го баравме и од речиси ништо направивме нешто, нешто што ни вие ни ние нема да го заборавиме. 
Од ден на ден стравот беше се поголем и поголем, ние не одевме на модна ревија за да се напреваруваме со конфекциите учесници на самиот настан бидејќи знаевме дека конкуренцијата е голема а ние сме само студенти, но несакавме и да бидеме потценети како такви, дојдовме на FDSh со идејата да се види дека секој од нас што се запишал на тој факултет знае зошто се запишал  и што сака да биде во иднина и дека токму на сите нас ни е местото таму каде и што сме се определиле да бидеме.

Како растеше бројот на фустани, почнавме да правиме планови за сценографијата и сакавме да направиме не само ревија туку шоу кое навистина ке изгледа интересно за публиката. Напишавме текст, пробувавме деноноќно, едноставно ова навистина беше голема работа за нас несакавме да се изневериме самите себе, несакавме да ве изневериме вас, но најмногу од се не сакавме да ја изневериме асистентката која ни беше 24 часа посветена нам. 


Од друга страна јас , Наталија Крстова и Мелита ПопАнтоска спремавме цртежи за изложбата која исто така беше претставена во "Диро" уште од првиот ден на настанот. Бевме под голем притисок, незнаевме на која страна да се завртиме попрво и што да правиме, од каде да почнеме,имавме толку многу идеи што само чекавме некој да не праша и да ги земе од нас за да дадеме се од себе.
 Но сепак, млади сме и неискусни во ова поле и најмногу сме им благодарни на асистентките Маја Кикириткова и Сашка Голомеова што ни се најдоа во пресрет и што се понудија да не водат низ реализација за изложбата, а за реализацијата на ревијата сме и благодарни на асистентката Сања Спасова бидејќи остана во најдобро светло во нашите очи. 
Знаеше да биде и строг лидер и пријател истовремено, ова го работевме со забава бидејќи да таа не научи дека за да направиш вакво нешто не треба само да сакаш туку и да дадеш се од себе.

 И да не бевме ни спиени ни јадени како што треба, и да ни со другари ни со другарки ни со дечковци не се имавме видено овие две недели но се се исплати и горди сме на тоа што го направивме, горди на самите себе, горди сме што комуникацијата и соработката со асистентите како наши ментори ни е ваква.
 Горди сме и што Универзитетот Гоце Делчев, заедно со градоначалникот Илчо Захариев ни дозволи да се претставиме и да бидеме дел од овој проект. 

Еве дел од она што се случуваше:
Заборавајќи на сите норми и клишеа се надминавме самите себе и конечно докажавме дека иако сме сеуште студенти веќе сме млади и надежни модни дизајнери и нашето место е токму тука на пистите.

Уште еднаш благодарност до Сања Спасова- Асистентке без вас сме ништо!

Благодарност и до сите вас поради позитивните коментари!





















Sunday, June 23, 2013

Моите цртежи од Кара.


Вака, Кара е девојка која мене искрено многу ми го привлекува вниманието со физичкиот изглед. Навистина е посебна, природна, спонтана.
Секој од нас има личност од јавноста на која што посебно и се восхитува, повеќето го правиме поради надворешниот изглед, а многу од нас и истражуваат дел од животите на одбраната личност што уште повеќе им дава залет да   едноставно ја возвишуваат самата.
Генерално земено ако денеска имаш своја муза, луѓето почнуваат да мислат дека се обидуваш да личиш на самата( еве примерот со Кара, значи мене општо ми се свиѓаат дебели веѓи, можеби и таа ми се свиѓа поради тоа, но моите веѓи не се дебели за да личам на Кара туку дека такви ми се допаѓаат. ) Но луѓе, муза не е нешто што ти треба да го бидеш, муза е нешто што те инспирира, дали со изглед, карактер или како и да е, за на тебе лично да ти се допаѓа и да и се восхитуваш на таа личност што искрено кажано ти никогаш неможеш да бидеш. Најдобрата работа што можеш да ја направиш е да твориш во нејзина чест и да се обидуваш да создадеш твој личен идентитет по кој што и тебе ќе можат да те паметат другите.

Еве мои цртежи од Кара :





Monday, June 10, 2013

Моите слободни цртежи- најблиску до моите чувства

Тие што ме знаете, знаете каква личност сум била, каква сум сега. Можеби склоп на приватни настани и случувања ме сменија и од мене стана тоа што сум денес, можеби за некој сум истата што бев порано, а можеби дел од вас си даваат за право да коментираат и да зборуваат а знаат само како изгледам однадвор. Сеедно. Еве сега  сакам да ви доловам дел од мојата најголема приватност,  она што го цртам во слободно време.. знаете дека цртежот ги претставува фантазиите, идеалите на еден човек? - Зборувам за цртеж кој е направен навистина со целата способност што ја поседува една индивидуа.

Погледнете дел од моите цртежи:























Sunday, June 2, 2013

Она што го учам, она што го работам, она што ме исполнува

      Го запоставувам блогот, се бафтам де натаму де наваму со милион други работи. Од друга страна тука ми е факултетот, колоквиуми па еве ги и испитите се ближат..  Работам како луда надевајќи се дека нешто од ова ќе излезе добро, напната сум ептен и се осеќам како за ништо на светот време да немам. Искрено не се ни сеќавам кога последен пат сум спиела повеќе од 4 саати.
       Сакав да зборувам за тоа што го учам пошто многу од вас ги вртат очите, или им е чудно како некои луѓе можат да се пронајдат тука, што ке бидеме ние всушност, која ни е целта во животот, како се замислуваме самите себе... сеа ќе ви одговорам се.
Значи учам факултет кој е повеќе поврзан со уметност отколку со наука, да точно е тоа, но  уметноста е во душата на секој поединец што е запишан тука, науката е во факултетот.. не одам јас на испит  да  си цртам девојки. Учам 3-4 вида на Хемија, Физика, Механика, Математика, Историја на облека и слично.. 
Колку е перспективен факултетот? Да тоа ве буни најмногу, еве ке ви кажам лично за мене, ни родителите не ми дозволуваа да се запишам на овој факултет, но реков ќе го учам тоа што го сакам и готово. Тогаш не ја гледав перспективата, тогаш гледав фустани, штикли , пантолони, сакоа, кошули, се претварав во уметност, ништо не ми беше доста... Седев во средно и предметот Филозофија го претворив во сликовница, немаше некој што не ми ја побара тетратката да ја види, дури кога и ја дадов на другарка ми да учи за матура таа ми рече : "Јас не можам да учам, јас само зјапам во девојките". Греота беше да не го учам тоа, да се жалев самата себе кога помислував креативноста да ја пренасочам кон нешто друго , кое на пример воопшто не е креативно. Требаше се што сакав да ми пропадне некаде длабоко во мене и да седам да решавам задачи Математика, Сметководство, а никогаш не криев дека ја сакам уметноста, ја сакам модата, во смислата на животот можам да пронајдам уметност. И еве ме луѓе, после 2 години, тука сум, го учам тоа што го сакам,  тоа што ме исполнува, и неможам да кажам дека не ми е добро. Колку сум успешна ќе видиме од како ќе завршам, но смислата на постов ми е да ви  кажам дека не е на одмет да се борите за тоа што го сакате, пошто никој не може да не биде успешен во тоа што го сака. Се утепав решавајќи  задачи по предметот Технологии на предење, не дека ке ми треба предењето и дека ќе го работам утре токму тоа, туку сакам да  бидам успешна, не поради дипломата, поради мене. Звучи амбициозно да, но мене целта во животот ми е да станам МОДЕН ДИЗАЈНЕР и мајка ми секогаш вели: "Овој хир скапо ќе те кошта во животот, не се глупирај, не летај.." Но мене ниту ми е хир, ниту се глупирам, ниту летам. Јас не велам дека ќе работам којзнае каде, дека ќе продавам идеи на Шанел, јас велам дека сакам да бидам дел од модната индустрија, за почеток во Македонија. Мене не ми изгледа чудно, и не е којзнае колку голема амбициозноста, дека неа ја поништува желбата за успех, и да плукам врз сите вас кои не го работите она што го сакате, пошто сметам дека вие ќе се каете во животот, а не јас. Се надевам дека ќе успеам, но едно е сигурно, работам на идниот успех. 


Wednesday, May 8, 2013

“Од мајка ми е!“

          Чуден е насловов некако, звучи збунувачки можеби ,ама за секое ново парче облека на мене коа ќе ме прашаат : “ Еј ново е? Сеа го купи?“, следи овој одговор “ Не, од мајка ми е“. 
Е сеа, вака читајки мене фацата "wtf?"  би ми била (пошо одма помислуваш, мајка од 45 години, влегуваш во спалната ,отвараш плакарот и си се служиш со нејзини алишта). 


Реално коа кажам “ од мајка ми е“ мислам на ова: 
               Раздигаме со мајка ми некои стари партали пошто ги имаме еден куп и оние шо не ни требаат ги носиме на долниот спрат во вреќи пошто само ни се трупаат, коа ќе ги однесеме новите , ја автоматски почнувам да претам по старите вреќи ( во нив има алишта и од мама од пред 20 години ) и наоѓам жоржетни кошули, летни суќни, сакоа кои со минимални поправки изгледаат совршено носливи и употребливи и денес бидејќи модата се враќа и дизајнерите обично црпат инспирација од минатото ( не дека мајка ми живеела којзнае во кое минато, туку и тоа што било модерно тогаш е црпено од истото минато од кое што црпат денешните дизајнери, пошто за да тргнеш да работиш нешто ти треба почетна инспирација)

          И  најискрено  многу сум среќна коа ке наидам на нешто старо а модерно и  носливо, пошто од она што е модерно оваа сезона од бутици се купува по едно до две парчиња бидејќи наредната сезона е друго годишно време, а понаредната веќе  е друга година и нова мода и тие парчиња не ти се носат пошто знаеш дека си ги носел предходната година, а со ова “ од мајка ми е“ ем штедиш на пари,ем  повеќе избор имаш, ем секогаш се чувстуваш пријатно бидејќи тоа навистина е носливо во денешнината.