Monday, March 24, 2014

Love oh love

Кога би се прашувала кое ми е омилено време, би рекла : пролет, пролет, пролет! Не дека цвеќињата цветаат ( мразам цвеке поради приватни причини), не дека дрвјата зеленеат, плодовите растат, туку дека можам да комбинирам се живо и диво шо имам у плакар. Можам да излезам со дебелиот џемпер и у широката зелена суќна ( шо обично ја носам на лето), би излегла у чизми и кратки пантолончиња со кошулата од мајка ми, фармерки, маица на кратки ракави, есенското палто и балетанки.. се, значи се што имам у плакар, носам у пролет!
Е затоа пролет, не за да се шетам у парк со дечко,  за да си се облечам у тексасна кошула, со долга жоржетна розева суќна и темно кафеави чизми, за да се пресоблечам 10 пати у ден, и да излезам уште толку пати!
Нека пролета ни донесе среќа оваа година! Ај чао!


П.С. Не ве оставам без цртежи