Sunday, February 10, 2013

Улична мода

      Кога зборувам за улична мода не мислам на нешто модерно, мислам на уникатно.
Уличната мода е повеќе поврзана околу комфортот и  чувствата отколку околу суштината на самата мода. Можеби изгледа смешно кога некој чувствата ги поврзува со модата, но лично јас мислам дека имаат доста заедничко.
Ги паметите оние мрзливи неделни утра кога се што сакате е да уживате во топлината  на домашна атмосфера?  - Тогаш најдобар избор се вашите пиџами.. тоа е чувства. Ете така модата е поврзана со внатрешното чувство на човекот, но пред се со удобноста и уживањето на убавината во вашата сопствена кожа.
  Да се вратам кај уличната мода.. таа претставува стил на секоја иднивидуа, не комерцијален стил, туку она по кое можеш да го распознаеш карактерот и расположението на самата.


Еве неколку фотографии: