Sunday, June 15, 2014

-Внимание!! -Фала многу, пријатно.

Некако цело време се жалам дека ме нема, не се занимавам со блогот и слично, но знаете како е, секогаш кога треба да учам за испити сум тука.
Ако пред некој период премногу чувствував, се поврзував самата со одреден историски период и со душата живеев во него, модата ја истражував и пронаоѓав секаде како белег на периодот кој го истражував, моите најдлабоки чувства ги пренесував на хартија, цртав како луда, неможев да си ги соберам идеите, сега следува период кој има преголемо значење за општеството а премало значење за модата.

Сега ќе ви кажам и како целото тоа изгледа од моја перспектива.
Малку ми е хаос во главата од личен аспект, но кога излегувам, хаосот во мојата глава како да станал хаос на целото општество. Како целта на излегувањето да е да се прошеташ гол низ град и да си дојдеш дома.

Прва работа што сакам да ја кажам е дека, се рекло сезонава е модерна голата половина, транспарентите, и дводелните здолништа и топови. Браво! Точно! Но, најгрда работа е да ти се гледа папокот, половина да, папок никако!!! И да имаш најјаки стомачни на свет, покажи ги на базен, не у диско. А најтрагично е кога китовите презентираат папок мода, неможам да разберам, како си се свиѓате коа се погледнете у огледало пред да излезете бе? Да, самодовербата е секси, но не ако си кит од 433487 кила, со гол папок, и мислиш дека сите у диско паѓаат у несвест пошто ти си излегла гола! WOW!

Друга работа што сакам да ја кажам е дека е модерно длабоко деколте, и скоро сите фустани по бутиците се направени со мрежа кај деколтето(а деколтето е длабоко некаде до половината). Морам да признаам дека изгледа многу привлечно, НО ако сакаш да носиш таков фустан што по правило треба да го носиш без градник,а ти е срам, можеш да си купиш градник со длабоко деколте. ДА, ПОСТОИ!  А не од кај ти ги гледаме цицките да ти го гледаме и прслукот! Грдо!

Трета работа, се рекло дека се мешаат стилови и се праи каша попара, обидувајки се да изгледате шик изгледате ефтино.

П.С. Доаѓа лето, во тренд се долгите здолништа, исто како и минатата година. Совет од мене: Комбинирајте ги со спортски маици, римјанки, секојдневни ташни и  убав накит.

П.П.С. Папокот на базен!!