Monday, March 18, 2013

Футуризмот и екстравагантноста - фобија од која бегаат луѓето кај нас

Што знам, некако сплет на околности, кои ми се случија денес ме натераа да размислувам за тоа колку футуризмот кај нас е неприфатлив, екстравагантност во преголеми мери исто така. Не велам футуризам за некои си, што знам, накитени космонаутски одела, зборувам за она што во самата креација би донело мала агресивност, нешто што навистина изгледа доминантно и моќно.
Вечерни тоалети,како вечерни тоалети. Се тоа изгледа елегантно, гразиозно, женствено, но сепак вештачки. Што фали ако самата жена во целата таа елеганција и грациозност внесе доза на арогантност и доминантност, самата би ја изразила својата моќ преку парчето облека, како и храброста самото тоа да се износи со стил, имајки ја впечатливоста и се она што и е потребно за навистина да изгледа женствено. Скромност да, и јас одам по таа дефиниција "Што поскромно тоа поубаво", но зависи каде. Што фајде ако си облечен во нешто тесно ( од кое неможеш да испуштиш воздух, само за погледите да бидат насочени накај тебе?), а што ако бидеш облечен во нешто долго, елегантно( кога и самата пригода не е за тоа, а ти го носиш зошто се рекло дека долгото е во мода оваа сезона?). Зошто не широко и комотно со некој детал што навистина би излегол од колосек на целиот оној вештачки изглед? Зошто не нешто што навистина те обележува тебе како индивидуа, што те разликува од другите? Нешто што навистина би го носела храбро и верувајки дека тоа си ти.
Не, го нема тоа тука кај нас..нема мешање на стилови, мешање на бои, додавање контрасти. Сите се по некој калап, како треба да се изгледа за да бидеш прифатен од опшеството и сите се трудат да изгледаат нормално. Ако се рекло пантолони во риги се модерни, сите се во панталони во риги  и крај на муабетот. Како некој страв да ги обзема луѓево коа помислуваат да направат нешто не прифатливо за опшеството.

 На крај, затоа  и живееме за да ги рушиме нормите и стандардите на досегашниот живот и да вметнеме нешто ново!