Saturday, April 5, 2014

Она што го диктиравме лани, го диктираат оваа година.

Малку ми е чудно, малку ми е смешно, ама ајде..


Гледам слики од модната недела во Скопје и некако се иритирам од иновацијата на дизајнерите и она што го донесоа како моден тренд оваа година..
Презентирање на мода значи уникатност на идеи, издигање на културно и духовно ниво, индивидуално гледање на она што треба да биде стил на една личност, па макар и за  времетраење од една сезона.
Не дека сите би се пронашле во тоа, или дека би изгледало убаво во сите очи, туку презентација на нешто досега не видено..
Знам дека не можете да разберете што сакам да ви кажам па ке си земам за слобода да ви го доловам со слики.




Ова се трендовите диктирани од оваа година на модната недела во Скопје.




А ова е трендот кој ние го диктиравме минатата година на Fdsh.

П.С. Ништо лично, но мислам дека недостасува малку иновација кога станува збор за мода и уметност.