Некако цел ден ме обзема некое чувство кое неможам да го опишам, не е убаво.
Би се шетала со маска, затоа што очите и устата секако ни се затворени пред светов, секако гледаме се, но никој не успева да не види нас. Ниту успеваме збор да проговориме. Се шетаме како моделиве од Maison Martin Margiela Fashion Show и сакаме некој да не разликува кои сме, да не препознае во толпата.
Кога би си ја тргнала Margiela маската би си ставила вел, турски вел, долг до половината, за да можам пак да си го сокријам лицето кога ке ме обземе истово чувство.
Би се шетала така до крајот на животот, да гледам а да не ме гледаат, да слушам а да не ме слушаат, да сакам да зборувам а да неможам. Исто како и вие.
Alltimeinspiration.
No comments:
Post a Comment