Tuesday, July 8, 2014

"Извадок од една семинарска"



        Секогаш не учеа дека, за да постигнеш нешто во сегашноста мораш да се вратиш и да одбереш кој период од минатото те инспририра доволно за во него да ја согледаш  иднината. А минато, како минато, зборува доста. Раскажува за историја на еден народ, за богатство на една држава, за вредност на едно семејство, за болка на една љубов. Минатото ја диктира модата во иднината.

За да го препознаеш стилот на облекување на еден човек мораш одреден период да живееш во неговиот дух, да владееш со неговите чувства како да се твои сопствени, да ја научиш неговата култура и да ја попримаш и најмалата суфистицираност што ја поседува, па дури тогаш со боите на неговиот карактер кои се како огледало на душата да создадеш парче облека,препознатливо за човек.

Исто е и со секоја зграда, секоја куќа, секоја хартија од веќе изедена чоколада.
Колку семејства во минатото проживеале барем дел од својот живот во таа зграда. Кој ја направил? Зошто има таква градба? Што е најинтересно за неа?

Колку муабети слушнала таа стара куќа? Колку љубов видела? Колку безпотребни кавги?

Каква била хартијата кога излегла чоколадата во продажба? Дали е таква боја за да привлече купувачи? Колку луѓе купуваат чоколада само поради токму таа хартија?

Да, го базираш својот живот на тој период од минатото, истражуваш и чувствуваш.

Дури откако ке научиш да чувствуваш, учиш да создаваш.  И токму она што е создадено со чувства можеш да го наречеш уметност, креативност и мода.




No comments:

Post a Comment