Блогов ми е моден блог, но овој сплет на настани, поточнo сплетканиов настан од кој цел град не виде излез, ке ми дозволи да избегам од темава и да напишам нешто од се срце и да го споделам со вас токму овде.
Малку солзи, малку насмевки и малку воздишки, од се по малку доаѓаше до една совршена хармонија во градов,младиве, живеевме со запирки и три точки..никој не можеше да не запре. Со вашето заминување, драги мои, вие ставивте точка онаму каде што најмалку очекувавме.
Овие два дена немаше ни малку од насмевките, ни малку од воздишките, ни малку од солзите.. имаше плач, кој полека се претвараше во молк. Нема да пишувам за тоа колку не правилно Бог постапил што ве зеде толку млади, пишувам за тоа што остана од вас, пишувам дека останавте вие.
Чувствуваме носталгија од тагата која ја оставивте во нас, секој со различна мерка на она исто чувство што не притиска, а трагата ке остане.
Градов е мал, сите меѓусебно се познаваме, некој повеќе, некој помалку, некој е со поголема причина да ве цени, некој со помала, некој тагува поради самото тоа што се згаснати три млади животи, но како и да е сите тагуваме по вас.
Штип никогаш повеќе нема да биде ист, а ние кога тогаш ќе ја затапкаме тагата,повторно ќе почнеме да живееме со запирки и три точки, но со сеќавање на вас.
Почивајте во мир.
Искрено сочувство на најблиските.
neka pocivaat vo mir:(
ReplyDelete