Tuesday, June 30, 2015

I'm the sea and nobody owns me.

Морам да ви признаам дека прво го напишав насловот на текстот а потоа почнав да ја пишувам содржината . Знаев на која тема ќе ви зборувам а не знам дали и колку ќе можам да ви ја доловам суштината на она што сакам да ви го кажам, но се надевам дека ќе ме разберете...

Живееме во место, каде што сите луѓе се исти. Се наоѓаме таму каде што е нормална омразата, а чудно е да сакаш... овде каде што секоја поголема амбиција за во иднина ти ја засенува менталитетот, тука каде што мораш да бидеш како сите за да бидеш нормален. 

Со "Game On" завршив една етапа од животот, етапа која што ми помогна да се пронајдам себе си. Долг период талкав, уште подолго стоев во место. Секое ново тргнување напред ми беше чекор кон самата себе си. Научив што сум била, што сум и што е најважно од се, научив што сакам да бидам.
Сега знам дека сум слободна, затоа што научив што значи да бидеш слободен.


“I understood myself only after I destroyed myself. And only in the process of fixing myself, did I know who I really was.” —Sade Andria Zabala


The truth is I breathe through the pain even on the days it whistles between my ribs on every inhale and every exhale and I celebrate like hell on the days it doesn’t make a sound.” —Fortesa Latif


“Without pain, how could we know joy?' This is an old argument in the field of thinking about suffering and its stupidity and lack of sophistication could be plumbed for centuries but suffice it to say that the existence of broccoli does not, in any way, affect the taste of chocolate.” ―John Green