Го запоставувам блогот, се бафтам де натаму де наваму со милион други работи. Од друга страна тука ми е факултетот, колоквиуми па еве ги и испитите се ближат.. Работам како луда надевајќи се дека нешто од ова ќе излезе добро, напната сум ептен и се осеќам како за ништо на светот време да немам. Искрено не се ни сеќавам кога последен пат сум спиела повеќе од 4 саати.
Сакав да зборувам за тоа што го учам пошто многу од вас ги вртат очите, или им е чудно како некои луѓе можат да се пронајдат тука, што ке бидеме ние всушност, која ни е целта во животот, како се замислуваме самите себе... сеа ќе ви одговорам се.
Значи учам факултет кој е повеќе поврзан со уметност отколку со наука, да точно е тоа, но уметноста е во душата на секој поединец што е запишан тука, науката е во факултетот.. не одам јас на испит да си цртам девојки. Учам 3-4 вида на Хемија, Физика, Механика, Математика, Историја на облека и слично..
Колку е перспективен факултетот? Да тоа ве буни најмногу, еве ке ви кажам лично за мене, ни родителите не ми дозволуваа да се запишам на овој факултет, но реков ќе го учам тоа што го сакам и готово. Тогаш не ја гледав перспективата, тогаш гледав фустани, штикли , пантолони, сакоа, кошули, се претварав во уметност, ништо не ми беше доста... Седев во средно и предметот Филозофија го претворив во сликовница, немаше некој што не ми ја побара тетратката да ја види, дури кога и ја дадов на другарка ми да учи за матура таа ми рече : "Јас не можам да учам, јас само зјапам во девојките". Греота беше да не го учам тоа, да се жалев самата себе кога помислував креативноста да ја пренасочам кон нешто друго , кое на пример воопшто не е креативно. Требаше се што сакав да ми пропадне некаде длабоко во мене и да седам да решавам задачи Математика, Сметководство, а никогаш не криев дека ја сакам уметноста, ја сакам модата, во смислата на животот можам да пронајдам уметност. И еве ме луѓе, после 2 години, тука сум, го учам тоа што го сакам, тоа што ме исполнува, и неможам да кажам дека не ми е добро. Колку сум успешна ќе видиме од како ќе завршам, но смислата на постов ми е да ви кажам дека не е на одмет да се борите за тоа што го сакате, пошто никој не може да не биде успешен во тоа што го сака. Се утепав решавајќи задачи по предметот Технологии на предење, не дека ке ми треба предењето и дека ќе го работам утре токму тоа, туку сакам да бидам успешна, не поради дипломата, поради мене. Звучи амбициозно да, но мене целта во животот ми е да станам МОДЕН ДИЗАЈНЕР и мајка ми секогаш вели: "Овој хир скапо ќе те кошта во животот, не се глупирај, не летај.." Но мене ниту ми е хир, ниту се глупирам, ниту летам. Јас не велам дека ќе работам којзнае каде, дека ќе продавам идеи на Шанел, јас велам дека сакам да бидам дел од модната индустрија, за почеток во Македонија. Мене не ми изгледа чудно, и не е којзнае колку голема амбициозноста, дека неа ја поништува желбата за успех, и да плукам врз сите вас кои не го работите она што го сакате, пошто сметам дека вие ќе се каете во животот, а не јас. Се надевам дека ќе успеам, но едно е сигурно, работам на идниот успех.